6:56-71
56. | Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. |
57. | Како што Ме прати живиот Отец, и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене. |
58. | Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее довека.” |
59. | Ова го кажа Исус во синагогата, кога поучуваше во Капернаум. |
60. | Тогаш мнозина од учениците Негови, кои слушаа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша?” |
61. | А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови се бунат против тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува? |
62. | Ами ако Го видите Синот Човечки да се вознесува горе, каде што бил порано? |
63. | Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот. |
64. | Но има меѓу вас и некои што не веруваат.” Исус знаеше од почетокот, кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде. |
65. | И рече: „Затоа ви зборувам – дека никој не може да дојде при Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.” |
66. | Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него. |
67. | Тогаш им рече Исус на дванаесетте: „Да не сакате и вие да си отидете?” |
68. | А Симон Петар Му одговори: „Господи, при кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за живот вечен, |
69. | и ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.” |
70. | Исус им одговори: „Не дванаесетмина ли ве избрав Јас? Но еден од вас е ѓавол.” |
71. | А зборуваше за Јуда Симонов Искариот, оти тој, како еден од дванаесетте, сакаше да Го предаде. |