Сеноќно бдение во Водоча на Светата Педесетница
 
 
 
 
 

Сеноќно бдение во Водоча на Светата Педесетница (20.06.2021 14:08)

На празникот на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите – Светата Педесетница, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча. На Литургијата верните се причестија со Светите Христови Тајни.

„Цару Небесен, Утешителу, Духу на Вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на добрата, и на животот подателу, пријди и всели се во нас, и очисти нè од секоја нечистотија и спаси ги, Благи, нашите души.“

„Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри риболовците ги покажа, кога им го испрати Светиот Дух, и со нив ја улови вселената, Човекољубецу, слава Ти.“ (тропар на празникот)