Божествена Литургија во Водоча
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Водоча (18.07.2021 20:56)

Во четвртата недела по Педесетница, кога се празнуваат преподобен Атанасиј Атонски и преподобните маченички Елисавета и Варвара, викарниот епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.