Божествена Литургија во Струмица (11.12.2024 10:21)
Денес, кога Црквата го празнува споменот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во нивниот манастир во Струмица беше отслужена Божествена Литургија со која началствуваше Митрополитот на Дидимотихо, Орестиjада и Суфли г. Дамаскин од Православната Црква на Грција, во сослужение на Митрополитот Захумско-херцеговачки г. Димитриј од СПЦ, Митрополитот Европски г. Пимен и надлежниот Митрополит Струмички г. Наум со викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.
На Литургијата присуствуваа градоначалникот на Струмица г. Костадин Костадинов, градоначалникот на Кукуш г. Димитриос Киријакидис, градоначалникот на Василево г. Славе Андонов, почесниот конзул на Србија во Македонија г. Михајло Филев, директорката на КОВЗГ г-ѓа Оливера Трајковска, пратеникот г. Миле Цеков, советници, претставници на јавниот и политичкиот живот и голем број на верници.