Божествена Литургија во Водоча
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Водоча (14.12.2024 14:49)

Денес, на денот на светиот пророк Наум, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во параклисот „Свети Григориј Палама, преподобен Јосиф Исихаст и преподобен Јустин Ќелиски“, во манастирот во Водоча.

Во беседата на Литургијата, меѓу другото, рече:

Поимите: „срце“, „врата“ и „личност“ толку се проникнуваат меѓусебно, во Христос, што стануваат како едно, проземени со една и иста содржина. Во своето охристовено срце ја пронаоѓаме вратата зад која ни се открива тајната на нашата личност. Охристовената личност го користи своето срце како врата до Христос и до личноста на својот ближен. И на крај, ние самите стануваме врата на Христос – до срцето на нашиот ближен, како и врата на нашиот ближен – до срцето на Христос.