6:1-10
| 1. | Бидејќи сме соработници Христови, ние ве молиме, да не ја примате напразно благодатта Божја. |
| 2. | Зашто е речено: „Во благопријатно време те чув и во денот на спасението ти помогнав”. Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението! |
| 3. | Никому никаков повод не даваме, за да не се напаѓа нашата служба, |
| 4. | туку во сe се препорачуваме за служители Божји, со големо трпение, во неволи, во нужди, во тескоби, |
| 5. | при рани, во темници, во скитања, во напори, во бденија, во пости, |
| 6. | со чистота, со знаење, со долготрпеливост, со добрина, со Духот Свети, со нелицемерна љубов, |
| 7. | со проповед на вистината, со сила Божја, со оружјето на правдата во десна и во лева рака, |
| 8. | при чесност и бесчесност, при укори и пофалби; нe сметаат за измамници, а ние сме вистинити; |
| 9. | за непознати, а добро сме познати; нe држат како да сме на умирање, а еве – живи сме; нe казнуваат, но не можат да нe умртват; |
| 10. | нe нажалуваат, а ние сме секогаш весели; нe сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сe имаме. |