4:1-6
| 1. | Браќа, јас, затвореник во Господа, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани, | 
| 2. | со секаква смиреност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден друг со љубов, | 
| 3. | трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот. | 
| 4. | Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање. | 
| 5. | Еден е Господ, една е верата, едно е крштевањето, | 
| 6. | еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сe, и преку сите, и во сите нас. |