1:12-18
12. | благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нe направи способни да учествуваме во наследството на светитите во светлината; |
13. | нe избави од власта на темнината и нe доведе во царството на Својот возљубен Син, |
14. | во Кого имаме откуп преку крвта Негова и опростување на гревовите, |
15. | и Кој е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар; |
16. | бидејќи преку Него е создадено сe што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сe е преку Него и за Него создадено. |
17. | Он е пред сe, и сe преку Него се држи. |
18. | И Он е глава на телото, односно на Црквата; Он е почеток, првороден меѓу мртвите, за да има првенство во сe. |