3:10-15
| 10. | Ти се угледа на моето учење, животот, целта, верата на мојата големодушност, љубовта, трпеливоста, | 
| 11. | на моите гонења и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сe Господ ме избави. | 
| 12. | Па и сите, што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети. | 
| 13. | А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себеси. | 
| 14. | Но ти остани во тоа, што си го научил, и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил, | 
| 15. | бидејќи уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. |