2:5-11
| 5. | Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос, |
| 6. | Кој, иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога; |
| 7. | но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; и по вид се покажа како човек; |
| 8. | Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст. |
| 9. | Па затоа и Бог високо Го издигна и Му даде име, што е над секое име, |
| 10. | та во името на Исуса да ги преклони колената на сe што е небесно, земно и подземно, |
| 11. | и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот. |