9:1-7
1. | Така и во првиот Завет имаше наредби за богослужение и земно светилиште; |
2. | оти скинијата беше направена вака: во првиот дел светилникот, трпезата и лебовото предложение; тој дел наречен „Свјатаја” |
3. | А зад втората завеса од скинијата беше делот, наречен „Свјатаја Свјатих”; |
4. | во неа се наоѓаше златната кадилница и од сите страни опкован со злато Ковчегот на заветот, во кој стоеја златниот сад со мана и расцутениот жезал на Арона, како и плочите на заветот, |
5. | а над него – херувими на славата што го осенуваа очистилиштето; за ова сега нема потреба да се зборува поопширно. |
6. | При ваков распоред, во првиот дел од скинијата секогаш влегуваа свештениците и извршуваа служба Божја; |
7. | а во вториот дел влегуваше по еднаш во годината првосвештеникот и тоа не без крв, што ја принесуваше како жртва за себеси за гревовите на народот, направени поради незнаење. |