2:11-14;3:4-7
| 11. | Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе, | 
| 12. | учејќи нe да ги отфрлиме нечесноста и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век, | 
| 13. | да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос, | 
| 14. | Кој Се даде самиот Себе за нас, за да нe избави од секакво беззаконие и да нe очисти, та да Му бидеме народ избран, ревностен кон добри дела. | 
| 4. | А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бога, | 
| 5. | Он нe спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, преку бањата на преродување – и обновата од Светиот Дух, | 
| 6. | Кого изобилно Го излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител, | 
| 7. | та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот. |