21:33-42
| 33. | Чујте друга парабола! Имаше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако го предаде на лозарите, си отиде. |
| 34. | И кога наближи времето за берење, тој ги испрати при лозарите своите слуги, за да му ги приберат плодовите. |
| 35. | Но лозарите, кога ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа. |
| 36. | Тој испрати сега други слуги, повеќе од првите; но и со нив направија исто. |
| 37. | Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи: »Ќе се засрамат од сина ми.« |
| 38. | Но лозарите, штом го видоа сина му, си рекоа меѓу себе: »Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово.« |
| 39. | Па, како го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија. |
| 40. | А кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?” |
| 41. | Му одговорија: „Злочинците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите навреме.” |
| 42. | А Исус им рече: „Зар не сте читале во Книгите: »Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: Тоа е од Господа и чудесно е во очите наши.« |