18:35-43
35. | А кога се приближуваше Он до Ерихон, еден слепец седеше крај патот и просеше; |
36. | и штом чу дека покрај него врви народ, праша: „Што е тоа?” |
37. | Му кажаа дека минува Исус Назареецот. |
38. | Тогаш тој извика и рече: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!” |
39. | Оние, што одеа напред, го искараа да молчи; но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, помилуј ме!” |
40. | Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша, |
41. | велејќи: „Што сакаш да ти направам?” Тој рече: „Господи, да прогледам!” |
42. | Тогаш Исус му рече: „Прогледај! Верата твоја те спаси.” |
43. | И одеднаш прогледа и тргна по Него, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога. |