18:18-27
18. | И Го праша еден управник, велејќи: „Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?” |
19. | А Исус му рече: „Зошто ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен еден Бог. |
20. | Ги знаеш заповедите: не прељубодејствувај, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си.” |
21. | А тој рече: „Сето тоа сум го запазил од младоста своја.” |
22. | Штом го чу тоа, Исус му рече: „Уште едно не ти достига: продај сe што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; потоа дојди и врви по Мене!” |
23. | А тој, кога го чу тоа, се нажали, оти беше многу богат. |
24. | Штом виде дека тој многу се разжалости, Исус рече: „Колку е тешко во царството Божјо да влезат оние што имаат богатство? |
25. | Полесно ? е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.” |
26. | Оние, што го чуја тоа, рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?” |
27. | А Он одговори: „Неможното за луѓето е можно за Бога.” |