10:38-42;11:27-28
38. | И кога одеа, влезе Он во едно село; една жена, по име Марта, Го прими во својот дом. |
39. | А таа имаше сестра по име Марија, која седна при нозете Исусови и го слушаше словото Негово. |
40. | Марта се беше, пак, зафатила со многу работи и, кога застана, рече: „Господи, зар нејќеш да знаеш дека сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ? да ми помогне!” |
41. | А Исус ? одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи. |
42. | Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ? се одземе.” |
27. | А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: „Блажена е утробата, што Те носела и градите, од кои си се хранел!” |
28. | А Он рече: „Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат.” |