19:1-10
| 1. | Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. | 
| 2. | И ете, некој човек по име Закхеј, кој беше началник на митниците, и беше богат, | 
| 3. | сакаше да Го види Исуса, Кој е Он, но не можеше од народот, оти беше низок. | 
| 4. | Затоа истрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да мине. | 
| 5. | Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна угоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.” | 
| 6. | И тој веднаш слезе и Го прими со радост. | 
| 7. | И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде во куќата на грешен човек.” | 
| 8. | А Закхеј застана и Му рече на Господа: „Господи, еве половината од својот имот ќе го дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам.” | 
| 9. | А Исус му рече: „Денес дојде спасението на овој дом, зашто и тој е син Авраамов. | 
| 10. | Оти, Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното.” |