4:9-15
| 9. | Тие зборови се верни и достојни за секакво примање, | 
| 10. | затоа и се трудиме и укори трпиме, оти се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на верните. | 
| 11. | Ова препорачувај го и поучувај! | 
| 12. | Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во словото, животот, љубовта,духот, верата и чистотата! | 
| 13. | Додека дојдам, занимавај се со читање, со утешување и со поучување! | 
| 14. | Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која што ти беше дадена преку пророштво со полагање раце врз тебе од свештенството! | 
| 15. | Грижи се за тоа, биди во него, та успехот твој да се покаже во сe! |