2:1-7
| 1. | Молам, пред сe, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе: |
| 2. | за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и чистота; |
| 3. | оти тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бога, |
| 4. | Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината. |
| 5. | Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот помеѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус, |
| 6. | Кој Се даде Себеси како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време; |
| 7. | па затоа сум поставен како проповедник и апостол – зборувам вистина во Христа, не лажам – како учител на иноверците во верата и вистината. |