10:16-22
16. | Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби. |
17. | Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите, и по синагогите нивни ќе ве бијат. |
18. | И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците. |
19. | Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете; |
20. | бидејќи не сте вие што ќе говорите, а Духот на вашиот Отец ќе говори во вас. |
21. | И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат; |
22. | и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен. |