Послание на светиот апостол Павле до Колосјаните
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Колосјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

1:24-29;2:1

24. Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во мојата плот за телото Негово, кое е Црквата.
25. Нејзе ? станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,
26. тајната, сокриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,
27. на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас,
28. Него ние Го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги на секоја мудрост, та сите нив да ги претставиме совршени во Христа Исуса;
29. затоа и се трудам и молам според Неговата сила, која моќно дејствува во мене.
1. Сакам да знаете, во каква голема борба сум заради вас и заради оние, што се во Лаодикија и во Јерапол, и поради сите, кои што не ме видоа лично,