5:24-34
| 24. | И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа. |
| 25. | Една жена, што страдаше од крвотечение дванаесет години, |
| 26. | и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сe што имала и никаква полза не видела, а ? станало дури уште полошо, |
| 27. | штом чу за Исуса, се приближи одзади меѓу народот и се допре до облеката Негова; |
| 28. | оти се велеше: „Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам!” |
| 29. | И веднаш престана крвотечението, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста. |
| 30. | А Исус одеднаш почувствува во Себе како излезе сила од Него и се сврте кон народот па рече: „Кој се допре до облеката Моја?” |
| 31. | Учениците Негови Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: Кој се допре до Мене?” |
| 32. | Но Он гледаше наоколу, за да ја види онаа, што го направи тоа. |
| 33. | Жената, пак, се уплаши и трепереше; па, знаејќи што стана со неа, се приближи, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина. |
| 34. | А Он ? рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!” |