Пролог: Свети Софрониј, архиепископ Кипарски
 

 

Житие: Свети Софрониј, архиепископ Кипарски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Тој е роден и воспитан на Кипар. Заради неговата голема духовна ученост и многубројните добродетели, особено милосрдноста, го поставија за архиепископ после Св. Дамјан. Откако верно ? послужи на Црквата се упокои мирно во 6 век.

Тропар
Поучувајќи се во законот Господов, благодатно восходеше од сила во сила, о пастиру Христов Софроние, а Бог срце ти припреми во кого ти дела на милосрдие заради љубов кон ближниот твореше. Нека молитвата твоја и за нас сега пред Пресвета Троица восходи, милост да најдеме во вечни векови.