Пролог: Преподобен Теодул
 

 

Житие: Преподобен Теодул

Календар, житија, пости
Почеток
 
Угледен патрициј на дворецот на Теодосиј Велики. По смртта на својата жена ја остави суетата на светот, се повлече од Цариград на еден столб кај Ефес, каде што се подвизуваше цели триесет години.

Тропар
Голем е подвигот твој ангелски, о Теодуле оче преподобен, смирение и човекољубие покажувајќи во земното послушание, земен добротвор на сиромаси се покажа и молитвен столб на Црквата постана, кој во тело како без тело живот и слово само од Животот и Словото примаше. Нека Вечниот н? удостои по твоето застапништво тебе да те сретнеме во небесните висини.