Божествена Литургија во Берово (08.12.2024 16:23)
Денес, кога Црквата го празнува споменот на sвети Климент, архиепископ Охридски, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во храмот „Рождеството на Пресвета Богородица“, во Берово. Епископот г. Јаков го ракопроизведе во чтец Димитриј Дракалски, студент на Правословниот богословски факултет во Скопје. На богослужбата присутни беа градоначалникот на Берово, г. Звонко Пекевски и градоначалникот на Пехчево, г. Александар Китански.