Божествена Литургија во Водоча (09.09.2025 10:58)
Денес, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј Струмички“, во Водоча, беше отслужена Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Крушевачки г. Давид во сослужение на надлежниот архиереј Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и преосветените Епископи: Моравички г. Тихон, Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков, како и свештенството и монаштвото при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Српската Православна Црква.