Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Струга (30.10.2005)

Во неделата, на 23 октомври 2005 г., кога се празнува споменот на Преподобен Теофил Струмички, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј заедно со свештенослужителите од епархијата ја освети новоизградената црква на Светиот великомаченик Димитриј во Струга. Оваа црква се наоѓа во центарот на градот, во близина на соборниот храм на Светиот великомаченик Георгиј. На нејзиното осветување присуствуваше многуброен верен народ. Митрополитот г. Тимотеј отслужи Света Архиерејска Литургија после која во црковниот двор изврши благословување на празничниот леб.