Архиерејска Божествена Литургија на Плаошник (08.12.2005)
     Денес, по повод празникот на Св. Климент Охридски, во Плаошкиот манастир на Свети Климент и на Свети Пантелејмон во Охрид, Архиерејска Литургија отслужи Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот Струмички г. Наум. На Литургијата присуствуваа голем број верни од кои повеќето се причестија со Светите Христови Тајни.                    
 
        