Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Дебар (06.11.2006)

На 27 октомври 2006 год., на празникот на Преподобна Параскева, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј во сослужение со архимандритот Нектариј, свештеномонасите Доситеј и Јосиф од манастирот Бигорски, свештеникот Игор Никовски и архиерејскиот намесник о. Благоја Спироски, отслужи Архиерејска Божествена Литургија во црквата на света Параскева во Дебар. На Литургијата пееја сестрите од манастирот на св. Георгиј Победоносец во Рајчица. После Литургијата на надлежниот Митрополитот му беа презентирани фреските кои за првпат се насликани после многугогодишното постоење на храмот, со заложба на о. Благоја и донации на Дебрани.

 

 

 

                  

 

 

 

 

            

 

 

 

 

                    

 

известува: јеромонах Доситеј