Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија на Плаошник (08.12.2006)

По повод чествувањето на празникот на свети Климент Охридски, во црквата на свети Пантелејмон и свети Климент Охдриски на Плаошник - Охрид, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј отслужи Архиерејска Божествена Литургија. Претходниот ден беше отслужена Вечрна богослужба со Акатист кон Светителот.

 

„Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат верно кон тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Заради тоа го славиме твојот божествен спомен, Клименте.“ (тропар на св. Климент Охридски)