Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на црквата на Соборот на Пресвета Богородица во Аделаида (Австралија) (30.01.2007)

На 27 Јануари 2007 г. во Аделаида (Австралија), Неговото Високопреосвештенство г. Петар, митрополит Преспанско-пелагониски и администратор за Австралија и Нов Зеланд, во сослужение со своето свештенство отслужи Божествена Литургија и го освети храмот посветен на празникот на Соборот на Пресвета Богородица во Аделаида. Со ова Австралиско-новозеландската Епархија се збогати со уште еден убав православен храм.