Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Посета на манастирот на свети Јоаким Осоговски (04.05.2007)

На 2 мај 2007 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил го посети манастирот на свети Јоаким Осоговски. Овде тој за првпат имаше средба со поголем број еснафи од областа на градежништвото и претставници на компании од завршни работи во градежништвото, придружени од нивните семејства. Престижната компанија Прототип, која во текот на оваа година одбележува 30-годишно постоење, ја претставуваше еден од сопствениците, Мирослав Трајковски. Оваа компанија успешно раководена од своите сопственици, семејството Трајковски, на чие чело стои Драгољуб Трајковски, досега преку несебичната помош со своите производи се има вградено во повеќе манастирски светилишта на Полошко-кумановската епархија. Митрополитот Кирил заедно со свештениците се помоли во двата храма Рождество на Пресвета Богородица и Св. Јоаким Осоговски за нивно здравје и напредок, како и за големиот број верници кои беа во манастирскиот комплекс и за мир и благосостојба во нашата држава и нашата света Црква.