Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вицепремиерот на Р. Македонија во посета на манастирот во Рајчица (08.05.2007)

 

Вчера, во рамките на акцијата ,,Со вас“, при обиколката низ повеќе градови, во кратка работна посета на дебарскиот манастир на свети Георгиј Победоносец во с. Рајчица беа вицепремиерот Зоран Ставрески и негови блиски соработници.

Високите гости ги прими игуменот на манастирот, архимандрит Партениј, кој накратко им го претстави манастирот и неговата историја и ги покани да го посетат Бигорскиот манастир, каде што се спрема реконструкција на Источниот конак, со потпорен зид. Во краткиот содржаен разговор со архимандритот Партениј, вицепремиерот најави сорешна средба.

 

 

 

 

                                  

известува: о. Доситеј