Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Масовна крштевка на Матка (01.09.2007)

Денес, на 1 септември 2007 год., повеќе од 200 верни ја примија православната вера крштевајќи се во водите на реката Треска крај древниот манастир посветен на Успението на Пресвета Богородица на Матка крај Скопје. Чинот на Светото Крштение започна со Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во присуство на поглаварот на Македонската Праволсвна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски  г.г. Стефан. По светото Миропомазание и пострижувањето, службата продолжи во манастирскиот двор, кадешто верните се причестија со Светите Тајни Христови. По крштевањето беше подготвена трпеза на љубовта.