Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Известување за богослужбите за претстојните празници (10.02.2010)

Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, согласно Типикот на Светата православната црква, дава упаства на православното свештенство и верниците дека:

 

1.       Богослужбата за празникот Свети Три светители се префрла од петок (12. 02. 2010 год.) во четврток (11. 02. 2010 год.), бидејќи во Сирната недела, во среда и петок, не се извршува Златоуствова литургија.

 

2.       Богослужбата за празникот Сретение Господово, се префрла од понеделник (15. 02. 2010 год.) во недела (14. 02. 2010 год.). Службите  Попразненство и Оддание на празникот Сретение Господово не се извршуваат.

 

Во деновите на Светата Четириесетница не се извршува Литургија на св. Јован Златоуст, со исклучок во саботите и празниците Свето Благовештение и Цветници.

 

      Кабинет на Архиепископот