Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Промоција на книгата „Света Русија - записи од Македонија“ од игумен Никола (Трајковски) (08.05.2010)

Охрид, 8 мај 2010


На Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациска дијалог во Охрид, денес беше промовирана книгата Света Русија - записи од Македонија од игумен Никола, труд посветен на делото и придонесот на руското духовништво за црковниот живот во Македонија во текот на 20 век. Ова издание на Темплум го промовира архиепископот Јарославски и Ростовски г. Кирил и проф. д-р Виолета Ачкоска.

Овој значаен труд посветен на егзилот на руското свештенство и монаштво и нивниот живот во Македонија во периодот помеѓу дваесетите и осумдесетите години на минатиот век, за прв пат укажува на исклучителното значење на руската емиграција за обновата на духовниот живот кај нас, како и за нивната улога и поддршка во процесот на обновување на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква во повоен период. Високиот претставник на Руската православна црква, архиепископот Јарославски и Ростовски г. Кирил, благодарејќи за приемот на стотици руски духовници во Македонија по Револуцијата, истакна дека овој истражувачки труд ќе претставува достоен прилог за овековечување на славната страница на братската соработка на нашите православни народи. Одржувајќи ги руските духовни традиции, нагласи професорката Ачкоска, руските емигранти оставиле неизбришлив духовен белег во богатата историја на Македонската православна црква.

 

     

 

     

 

Известува: Александар Божинов