Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение од Канцеларијата на САС на МПЦ (19.05.2011)

Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква, на својата редовна седница одржана на 19 мај 2011 г., разгледа повеќе прашања од животот на Црквата, меѓу кои и за воспитно-образовните институции и објавените конкурси за прием на нови ученици и студенти.

Особено внимание Синодот посвети на состојбата и активностите поврзани со претстојните парламентарни избори, при што апелира до своите верници и до сите граѓани на Република Македонија на изборите да покажат достојно меѓу­религиско и меѓуетничко почитување и разбирање, повикувајќи ги на мирно, слободно, демократско и христијанско однесување во текот на предизборните активности, како и на денот на парламентарните избори, со што ќе покажеме дека сме народ и земја со изградена култура на христијанско и демократско однесување.

Ги повикуваме и учесниците во изборниот процес со своите активности да придонесат овие избори да бидат во духот на демократските вредности на европските држави кон кои се стремиме, а за подобра иднина на Република Македонија.

Македонската Православна Црква и овојпат нагласува дека е надпартиска и духовно-национална институција и секој обид да биде вмешана во партиските активности го отфрла и се оградува од секакви злоупотреби.

Ставот, пак, на МПЦ во однос на исламизираните Македонци, на кои некои политички фактори сакаат да им го одземат македонскиот национален идеинтитет, е дека МПЦ нив ги признава и прифаќа по националност како Македонци.

          

    КАНЦЕЛАРИЈА НА САС НА МПЦ