Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Реномираниот проф. о. Андреј Кураев во посета на Македонија (01.06.2011)

Архиепископот Oхридски и Mакедонски г. г. Стефан го прими во својот кабинет ѓаконот Андреј Кураев, еден од најпознатите современи православни теолози, професор на Московската духовна академија. Реномираниот професор о. Андреј Кураев вечерва во 18:00 часот во Македонскиот Културен Центар ќе одржи предавање на тема: „Православието во современиот свет“. Утревечер во 18:00 ч. во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ темата на која ќе предава о. Андреј кураев е „Како да Му се свештенослужи на Бога“.


По предавањата, гостинот од Русија ќе замине на поклоничко патување по манастирите и црквите во Република Македонија.

 

Извор: Скопска епархија