Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија (03.11.2011)

На 03. 11. 2011 година, Св. Иларион еп. Мегленски, препод. Иларион Велики, именден и педгодишнината од интронизацијата на надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, зедно со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници на МПЦ – ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип. Пред Светата Литургија, секретарот на Брегалничката епархија протоѓаконот Димко Миланов честитајќи Му го именденот и педгодишниот јубилеј на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, од името на монаштвото, свештенството и вработените во администрацијата на Брегалничката епархија, во знак на грижата кон своите чеда Му подари архиерејски одежди и архиерејска митра . На крајот од Светата Литургија  Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Митрополитите го благослови и пресече празничниот леб по што и одража пригоден говор честитајќи Му го именденот и педгодишниот јубилеј на Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Митрополитот Повардарски г. Агатангел по повод именденот и педгодишниот јубилеј од името на клирот и православниот народ во Повардарската епархија на Митрополитот г. Иларион Му подари мало архиерејско облекување. На крајот Надлежниот Митрополит г. Иларион од Свое лично име Му се заблагодари на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитите, монаштвато, свештенството и православниот верен народ за подршката и честа кон Него како Митрополит на древната Брегалничка епархија.

 

 

                         

 

          

 

          

 

                          

 

Извор: Брегалничка епархија