Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Канонизација на светите Четириесет Битолски преподобномаченици во Битола (26.10.2012 15:46)

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, односно Преспанско-пелагониска епархија со седиште во Битола, има особена чест да Ве покани на свечената прослава по повод впишувањето во списокот на Светиите на Светите Четириесет Битолски Преподобномаченици, во соборниот храм „Св. В-мч. Димитриј“ во Битола, на 28 октомври 2012 г.

 

ПРОГРАМА


7.00 – Утрена богослужба.

8.45 – Пречек на архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со архиереите на МПЦ-ОА.

9.00 – Света Архијерејска Литургија со објавување на Одлуката на САС на МПЦ-ОА за впишување во списокот на Светиите, на Битолските славни Четириесет преподобномаченици. На Малиот вход за прв пат ќе биде изнесена иконата на Светите Четириесет Битолски преподобномаченици и Неговото Блаженство со неа ќе ги благослови присутните верници.

11.30 – Свечена литија со иконата на Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици