Vesti i nastani
 
 
 
 
 

До Неговата Светост Франческо, поглавар на Римокатоличката црква во Ватикан (16.03.2013 11:30)

Ваша Светост,

 

Од Свое, како и од името на браќата архиереи, членови на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, свештенослужителите, монаштвото и верниците на Македонската православна црква, ги упатуваме нашите најискрени честитки по повод Вашиот избор за Поглавар на Римокатолич­ката црква.

Се надеваме дека под Ваше раководство ќе продолжат добрите односи, заедничката соработка и меѓусебното почитување, бидејќи како Христови ученици и следбеници повикани сме сите, во Негово име, да градиме мир и да пројавуваме љубов.

Врската помеѓу Ватикан и Македонската право­славна црква, градена и негувана со децении наназад, а особено истакната со катагодишните посети на нашите делегации на Рим по повод одбележувањето на празникот на Светите Кирил и Методиј, очекуваме  да продолжи и дополнително да ги унапреди меѓусебните добри односи.

Како новоизбран Поглавар, веруваме дека ќе бидете исполнети со вистинската евангелска љубов, со љубов која извира од љубовта кон Христа, и ќе придонесувате за мирот и добросостојбата во светот.

Господ на љубовта и мирот нека Ви дарува мудрост и сили за да можете достоинствено да одговорите на современите предизвици и потреби на Црквата Христова.

Со љубов во Господа,

         АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

г. г. Стефан