Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Традиционална културно-историска манифестација „Денови на Јустинијан Први” (13.05.2013 11:23)

Програма:

 

понеделник, 13. мај - МКЦ

12:00 Регистрација на учесниците

15:00 Свечено отварање на фестивалот и Master class (мајсторскиот клас) по византиско-црковно пеење на Игор Зироевич (Институт „Симон Карас”, Атина, Грција). Поздравно слово на организаторот и предавачот.

15:20 Предавање: „Симон Карас и неговиот метод – смисла, принцип и начин на употреба.”

20:00 Претставување на книгата “Антологија на Божествената литургија” прв том, на Игор Зироевич. Говорат: проф. д-р Јане Коџабашија, м-р Димитри Кумбароски и Игор Зироевич.

 

вторник, 14. мај - МКЦ

14:00 Промоција на севкупниот творечки опус во областа на византиското црковно пеење на нашиот еминентен византолог проф. д-р Јане Коџабашија по повод јубилејот 71 година од неговото раѓање. Говори: м-р Мирјана Павловска – Шулајкова (СОКОМ)

15:00 Предавање: „Енергиите на карактерите за израз, по методот на Симон Карас.”

16:00 Пеачка работилница: Практична примена на методот на Симон Карас

20:00 Претставување на ЦД-та „Христос во градот Витлеем” на Српскиот византиски хор, Пеење на божиќниот богослужбен круг. Говорат: д-р Ристо Солунчев, м-р Димитри Кумбароски и Игор Зироевич.

 

среда, 15. мај - Универзитет Евро-Балкан

10:00 Лекција на Игор Зироевич на тема: “За принципите и проблемите при пренесување на невматските текстови од средновизантиска и нововизантиска нотација на петолиниски систем.”

 

среда, 15. мај - МКЦ

15:00 Пеачка работилница: Практична примена на методот на Симон Карас.

20:00 Разговор (онлајн) со д-р Георгиј Константину (Атински конзерваториум) за византиското црковно пеење. Разговорот го води Игор Зироевич.

20:00 Театарска претстава: “Последната ноќ на Јустинијан Први” – монодрама во изведба на Петар Темелковски

 

четврток, 16. мај - Универзитет Евро-Балкан

11. 00 Предавање на м-р Георгиј Секулоски на тема: “Некои аспекти на мелодиското акцентирање на црковните текстови и влијанието на истите врз ритмиката. Музикографијата и редакторскиот процес во источното црковно пеење.”

 

четврток, 16. мај - МКЦ

15.00 Пеачка работилница: Практична примена на методот на Симона Караса.

20.00 Пеачка работилница: Претставување на постигнувањата на учесниците во мајсторскиот клас. Затварање на мајсторскиот клас.

 

петок, 17. мај - соборен храм Пресвета Богородица

21:00 Свечено затварање на фестивалот со концерт на Македонскиот византиски хор „Хармосини”, хороводец: Ристо Солунчев. Специјален гостин на коцертот протопсалт Георгиј Секулоски.

 

Биографија на предавачот:

Игор Зироевич е роден 1977 година во Требиње. Од 1997 година се наоѓа на студиски престој во Атина. Студирал и дипломирал на конзерваториумот Никос Скалкотис кај познатите атински протопсалти и учители како: Ангелопулос, Ангелидис, Константину, Арванитис. Последипломски студии завршил на Атинскиот конзерваториум во Атина. Се занимава со мелотворење, толкување (дешифрација) на стари ракописи, изучување на теоријата на музиката, музичка палеографија, пишување научни трудови, химнографија и образование. Мелотворил мноштво црковни песни и служби на повеќе јазици. Неговите најзначајни научни трудови се однесуваат на музичката теорија, палеографијата, нотациите и изразите. Особено интензивно се занимава со изучување на музичкиот израз и предание на Света Гора. Во соработка со манастирот Хиландар го подготвува за печат севкупниот богослужбен и образовен реперотар на црковно пеење на црковнословенски и српски јазик.

Во Атина како протопсалт служел во повеќе храмови. Во моментот завзема место на Лампадариј при универзитетскиот храм „Воведение на Пресвета Богородица – Капникарија”, во центарот на Атина. Професор е и основач на школата за византиско пеење при храмот Св. Герасим во Атина.

Основач е на Научно-истражувачкиот центар Троеручица во чии рамки го води Српскиот византиски хор, Хорот на псалти Троеручица, и Интернет школата за црковно пеење Троеручица (која е и прва интернет школа за црковно пеење во светот). До сега има снимено 6 ЦД-а (три дупли) со свои мелотворби, но и химнографски текстови на црковнословенски и грчки јазик. Во рамките на активностите на Научно – истражувачкиот центар Троеручица ја истражува хиландарската ракописна библиотека и подготвува за печат детален каталог на музичките ракописи од овој манастир.

Во Август 2011 година заедно со манастирот Хиландар го организираше Првиот летен семинар за византиско пеење, каде беше главен предавач. Во септември 2011 година во соработка со една од најважните и најактивни грчки црковно-пеачки школи Институтот “Симон Карас” отвара отсек за византиска музика наменет пред сè за студенти од словенското говорно подрачје.