Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Монашење во манастирот Успение на Пресвета Богородица, Матка (23.09.2013 20:11)

На 19 септември 2013, на празникот Спомен на чудата на свети архангел Михаил, во манастирот на Успение на Пресвета Богородица во Матка, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Кумановско-осоговскиот Митрополит г. Јосиф, јеромонахот Атанасиј Арсоски и ѓаконот Ѓоко Бурмузоски, на Вечерната богослужба ги замонаши во мала схима сестрите Гаврила и Нина.