Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Делегација на УКИМ во посета на Софискиот Универзитет (09.10.2013 14:54)

            Делегација во состав на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски и деканот на Православниот богословски факултет проф. д-р Ацо Гиревски, протоереј-ставрофор, на 26 и 27 септември 2013 година беа во посета на Универзитет „Свети Климент Охридски“ и на истоимениот Православен богословски факултет во Софија. На Софискиот Универзитет делегацијата зеде учество на ректорскиот семинар на тема:  „Правилна распределба на одговорности: Универзитетот и Општеството во обезбедување финансиска стабилност на високото образование“ во рамките на 125-годишнината од постоењето на Софискиот Универзитет во организација на UNICA  (Мрежа на универзитети од главните градови на Европа). На Ректорскиот семинар имаше повеќе од 70 учесници, а семинарот го отворија Ректорот на СУ проф. д-р Иван Илчев и градоначалник на Софија г-ѓа Јорданка Асенова Фандкова.