Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (29.04.2014 14:54)

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква на својата редовна седница одржана на 29 април 2014 г., разгледа повеќе прашања од актуелниот живот на Црквата.

Синодот продолжи со разгледувањето на Програмата за неговото делување и функционирање во претстојниов период, при што посебно внимание посвети на обновување на процесот на разговорите на нашата Света Црква со Српската православна црква, како и контактите со останатите православни цркви.

   Синодот ја разгледа и состојбата со воспино-образовните институции на Македонската православна црква (Македонската православна богословија и Православниот богословски факултет), притоа укажувајќи им на сите заинтересирани кандидати за запишување во истите дека сите потребни информации може да ги добијат во епархиските центри и во самите институции.

 

                                           ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ