Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Четврта по ред Седмица на Светото Писмо во Скопје (17.06.2014 11:49)

На 22 јуни 2014г. ќе започне четвртата по ред Седмица на Светото Писмо. Темата за оваа година: НЕМА ИЛИ ИМА излез од ограниченоста на овој и ваков свет?

Програмата е следна:

Термин

Локација

Предавач / Воведничар

Тема

Недела, 22.06.2014
19:00

Музеј на Македонската борба, Скопје

Презвитер м-р Ивица Тодоров

Свечено отварање и промоција на книгата „Евангелска катихеза“ од Петко Златески и Валентина Крстевска

Понеделник, 23.06.2014
18:30

Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

г. д-р Наум, Митрополит Струмички

„Патот на спасението како единствен излез од ограниченоста на овој свет со злото, гревот и смртта“

Вторник, 24.06.2014
18:30

Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

презвитер Горан Стојчевски, презвитер м-р Ивица Тодоров и претставници од Христијанскиот младински ангажман „Правец“

„Младиот човек од 21 век и неговиот однос кон духовноста, Црквата и Светот Писмо“

Среда, 25.06.2014
18:30

Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

презвитер м- р Ивица Тодоров

„За промислата Божја како водство и излез во личниот и општествениот живот“

Четврток, 26.06.2014
18:30

Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

архимандрит Дамаскин Лесновски

„За подвижничкиот живот во денешниот обезбожен свет“

Петок, 27.06.2014
18:30

Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

презвитер Горан Тасески и презвитер Никола Николески

Прикажување на филмот посветен на св. архиеп. и лекар Лука Војно – Јасенецки и дискусија на тема „Светоста како Излез“

Сабота, 28.06.2014
18:30

Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

презвитер Игор Калпаковски, д-р Милан Ѓорѓевиќ, д-р Здравко Савевски, д-р Александар Спасеноски

Трибина: „Вистината и вредностите запишани во Светото Писмо како излез за општествените духовни, етички, социјални и идеолошки кризи и проблеми“

Недела, 29.06.2014
19:00

Музеј на Македонската борба

презвитер Горан Стојчевски, презвитер м-р Ивица Тодоров и претставници од Христијанскиот младински ангажман „Правец“

Свечено затварање на Седмицата и промоција на стихозбирката „Барајќи го Зборот“ на д-р Коста Милков