Vesti i nastani
 
 
 
 

 

Чествување на свети Климент Охридски во Охрид (10.08.2014 12:01)

На 09.08.2014 година, кога Црквата го прославува свештениот спомен на патронот и учителот на цела Македонија, наследникот на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, светиот Климент Охридски Чудотворец, светите Седмочисленици и светиот великомаченик и исцелител Пантелејмон, во црквата „Св. Климент и св. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид се отслужи Света Архијерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, архимандритот Нектариј, протојереј-ставрофор Ефтин Велкоски, протојерите Димче Ѓорѓиески, Игор Никовски и Горан Мантароски, јереите Никола Христоски, Димче Азески и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.

По завршувањето на Литургијата, беше извршен Чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Јосиф се обрати кон верниците со пригодна беседа.