Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Сиденхам, Мелбурн (24.01.2015 12:05)

Во саботата по Богојавление (24 јануари 2015 г.), кога Црквата го празнува споменот на св. Теодосиј Велики, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, високопреподобните игумени и епархиското свештенство отслужи Божествена Литургија во соборниот храм посветен на Рождеството на Пресвета Богородица во Сиденхам, Мелбурн. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше осветен камен-темелник на Митрополитската резиденција, чија изградба ќе биде финансирана од прилозите на верниот народ.