Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Празнувањата на Богојавление во Охрид и Струга (20.01.2005)

 

„Кога со Своето јавување ги просветли сите, тогаш соленото море на неверието побегна, и течењето на Јордан се обрати кон горе, накај небото издигнувајќи нѐ. Во возвишеноста на Твоите заповеди сочувај нѐ, Христе Боже, и по молитвите на Богородица помилуј нѐ.“

(од канонот на Богојавление)

 

 

„Мене потопениот во бура од страсти, со твоите молитви Предвеснику притекни ми спасувајќи, зашто ти самиот сад пречист и пречесен на бестрастие беше, на Господа од детството посветен.“ (стихира од канонот на Св. Јован Крстител)

 

 

 

 

 

 

           

 

Празникот на Крштевањето на Господ Исус Христос од раката на свети Јован Предвесник во реката Јордан, свечено беше прославен во Дебарско-кичевската епархија.

На Водици надлежниот архиереј г. Тимотеј Божествена Литургија отслужи во црквата на Пресвета Богородица (Каменско) во Охрид, во сослужение на свештенослужители од епархијата. Потоа со празнична литија сите присутни се упатија кон Езерото. Со Богојавленски Водосвет на охридскиот брег Владиката ги освети водите на прекрасното езеро. Присуствуваа и се радуваа десетици илјади верни. По ова Митрополитот Тимотеј и свештенослужителите се упатија во Струга, каде што ги осветија водите на реката Дрим. Овде присуствуваа големо мноштво верници од градот и од околината, што дојдоа да си нацрпат од осветените богојавленски води.

 

 

               

 

                                 

Денес, во спомен на Соборот на св. Јован Крстител, Владиката Тимотеј Божествена Литургија отслужи во црквата на Свети Јован Канео во Охрид.