Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија на Плаошник (05.02.2005)

 

 

„Венец боголепен стекна, пребогат Тимотеје, богомудар апостоле, и со дијадема достојна за Царството се украси, и се јави пред престолот на твојот Владика, со Павле радувајќи се во небесните обители, себлажен.

Колесница Божја се јави, Тимотеје, носејќи го Божественото име, пред лицето на безбожните учители, богоугоден, не се ужасна од нивните свирепства, во непобедлива сила на Спасителот облекуван.

Со својата просветленост како втор Павле се јавуваш, ти кој на првата светлина ѝ служиш, со нејзиното познание просветли нѐ.“ (стихири од Утрената)

  

 

 

Во чест и слава на Светиот апостол Тимотеј, на денот на неговиот празник, во Охрид, во манастирот на Свети Климент Охридски Чудотворец и на Светиот великомаченик Пантелејмон на Плаошник, Неговата високопреосветеност Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, отслужи Божествена Литургија, со свештенослужители од Дебарско-кичевската и од Повардарската епархија. По завршувањето на Литургијата беше благословен празничниот колач.

 

 

Сите свештенослужители и верни му го честитаа именденот на својот Владика, пожелувајќи му долг живот и крепко здравје. За многу години, Владико!